📽️ Најмалку 20 лица загинаа: Најголемата детска болница во Киев уништена во страшен руски напад

од Илинка Илиоска
29 прегледи

Серија на руски напади погоди цели во градовите низ Украина, вклучувајќи и детска болница во Киев, при што загинаа најмалку 20 лица, а повредени беа над 50, соопшти Министерството за внатрешни работи на Украина.

Меѓу погодените згради беше и болницата „Окмадит“ во Киев, најголемиот медицински центар за деца во Украина, кој беше клучен за лечење на најболните деца.

На снимките на местото се гледаат доброволци кои работат со полицијата и службите за да ги пребараат урнатините додека чад излегува од болницата. Новинар на Си-Ен-Ен во објектот видел луѓе како ги оставаат автомобилите и одат да помогнат.

Претседателот на Украина, Володомир зеленски рече дека не е познат бројот на жртви во болницата истакнувајќи дека има луѓе под урнатините.

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев, оцени дека денешното бомбардирање е најголемиот напад врз главниот град од почетокот на војната.

Слични содржини