Почина 24-годишното момче киднапирано од Ченто и натерано да се самозапали

од Milan1
21,6K прегледи

Почина 24-годишното момче кое пред неколку дена беше насилно пренесено со возило од населба Ченто до Ќојлија, а потоа натерано да се самозапали.

„Денеска (04.07.2024) во 00.37 часот во СВР Скопје од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во индустриска зона Ќојлија, а малку подоцна од страна на полициски службеници од ГП Меѓународен аеродром Скопје било пријавено дека во нивниот објект со повреди од изгореници дошол Б.А.(24) од Скопје, кој кажал дека од неколку лица бил насилно пренесен со возило од нас.Ченто до Ќојлија“, информираше тогаш МВР.

Според пријавата неколку лица со закана го натерале да се самозапали и избегале, а тој успеал самиот да го изгасне огнот од кој бил зафатен.

Од МВР информираат дека се уште работат на расчистување на случајот. Денес е извршена и обдукција на починатиот која ќе треба да даде појасна слика на истражителите, а телото е предадено на семејството.

 

Слични содржини