Вучиќ: Кој има литиум станува сила, некој регионална, некој глобална

од Milan1
1,5K прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека оној кој има литиум станува сила, некој регионална, а некој глобална.

На констатацијата дека неколку земји во Западна Европа започнуваат проекти поврзани со литиумот, како Германија или Франција, кои таквиот проект го прогласија за проект од национално значење, Вучиќ за ТВ Пинк рече дека сите ќе бидат спремни за експлатација пред Србија и Португалија, и Германија, Чешка, Франција.

„Затоа требаше да не спречат пред две-три години, затоа што тогаш ќе бевме први. И се ќе зависеше од нас. Странските служби, и некои западни тогаш не спречија да го направиме тоа. Бевме доволно наивни , нема да кажам глупави , јас можеби бев глуп да не го разберам тоа веднаш, што се крие позади брегот, а и сите други луѓе беа наивни мислејќи како ја заштитиле Србија или не знам што, не напротив, ние направивеме многу лоша работа за нашата земја“, рече Вучиќ. Сега експлатацијата може да почне за три и пол, најрано за четири години, додава тој.

Вучиќ потенцираше дека Србија има литиум и дека е добро што го има, бидејќи тоа ќе претставува компаративна предност во однос на многумина во околината. Но и заедничката сила на целиот регион, не само на Србија.

Слични содржини