Производ кој ги брка веднаш комарците, сите го имаме дома

од Milan1
279 прегледи

Летните вечери на отворено се навистина прекрасни, но еден од најголемите проблеми се упорните комарци кои не ни даваат мир и лесно можат да ни го расипат уживањето во топлите летни ноќи.

Многумина ќе се согласат дека во некои области поминувањето време на отворено во вечерните часови е речиси невозможно, па затоа многумина спасот го бараат во разни производи, како и спрејови.

Познато е дека комарците ги привлекуваат одредени мириси на човечката кожа и затоа малите штетници често ја пијат нашата крв. За среќа, постои природен, евтин и едноставен начин кој навистина функционира.

Станува збор за – црно кафе.

Иако мирисот на запаленото црно кафе не е најпријатен за луѓето, тој е исклучително ефикасен кога станува збор за одбивање на комарци. Овој трик делува особено добро бидејќи црното кафе е лесно достапно и евтино, а процесот не бара посебни вештини или подготовка. Се што ви треба е чинија, малку мелено црно кафе и запалка или кибрит.

Ставете неколку лажици црно кафе на плитка чинија или друг незапалив предмет, а потоа запалете го кафето. Наскоро кафето ќе почне да гори, а густиот чад ќе ги избрка комарците.

Препорачливо е да поставите неколку чинии со кафе околу масата на тераса, балкон или во двор и многу брзо ќе ја видите разликата. Иако согорувањето на кафе создава непријатен мирис, вреди да се испроба овој трик, особено ако сте во близина на мочуриште.

Слични содржини