🎥 Работник бил нападнат од отровна змија, тој ја каснал два пати и ја убил

од Milan1
244 прегледи

Во индиската држава Бихар,  35-годишниот Сантош Лохар убил отровна змија.  И не би било ништо необично доколку Лохар не ја убил змијата на тој начин што ја каснал два пати.

Одмарал во работниот камп, каде што биле собрани железничарите, кога почувствува дека нешто се движи врз него. Реагирал без размислување и така се спасил. Ја зграпчил змијата со метална шипка, а потоа ја каснал два пати, пишува Дејли мејл.

Кога подоцна го прашале зошто го направил тоа, Лохар објаснил: „Во моето село постои верување дека треба двапати да каснеш змија за да го неутрализираш нејзиниот отров“.

Останува непознато за која змија станува збор, додека работникот бил пренесен во блиската болница каде добил противотров.

Државата Бихар, каде што се гради железницата, е една од трите најголеми во Индија. Земјата е дом на 300 видови змии, од кои 60 се исклучително опасни, вклучувајќи ја и индиската кобра.

Слични содржини