21
Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави за полското радио дека ескалацијата на конфликтот нема да биде добра ниту за Украина, ниту за Полска.
„Никој не сака оваа војна да ескалира“, рече Џон Кирби на прашањето за барањето на Украина да собори руски ракети од полска територија.
„Сакаме да бараме начини да ја направиме Украина ефикасна, но не сакаме ескалација. Тоа не би било добро за Украинците, не би било добро за Полјаците, не би било добро за никого“, рече тој.