Маж се обидел да прошверцува над 100 живи змии во панталоните

од Milan1
131 прегледи

Царинските службеници во јужниот кинески град Шенжен го фатиле мажот кој патувал низ пристаништето Футиан на контролниот пункт меѓу Хонг Конг и континентална Кина. Тој е фатен во обид да пренесе 104 живи змии во Кина. Рептилите му биле напикани во панталоните, пренесува Си-Ен-Ен.

„За време на претресот, полицајците пронашле шест торби со врвка запечатени со лента. Тие беа сместени во тајни џебови од панталоните. Службениците ги отвориле торбите и утврдиле дека во секоја има неколку живи змии со различни форми и бои“, се вели во соопштението на Кинеската царина.

Подоцна биле идентификувани пет видови змии, од кои четири не биле по потекло од Кина.

Слични содржини