Песков: Начинот на кој Бајден зборува за Путин е неприфатлив

од Илинка Илиоска
76 прегледи

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека целиот свет обрнал внимание на „лизгањата“ на американскиот претседател Џо Бајден на самитот на НАТО и го нарече „неприфатлив“ начинот на кој американскиот претседател зборувал за рускиот претседател Владимир Путин.

„Апсолутно е неприфатливо еден шеф на држава да зборува со непочитување за друг шеф на држава. Ова е нешто на што секогаш обрнуваме внимание и е неприфатливо“, рече Песков, пренесува РИА Новости.

Песков коментираше дека Бајден вчера направил грешка кога го претставил украинскиот претседател Володимир Зеленски како „претседател Путин“, по што веднаш се поправил.

📽 Бајден направи нов гаф: Ги измеша Камала Харис и Трамп, а Зеленски го именуваше како Путин

Слични содржини