Во Германија не смеете да правите што сакате, ниту во вашиот дом

од Milan1
61 прегледи

Дали знаете? Во Германија не смеете да правите што сакате – ниту во вашиот дом. Постојат некои правила кои секој мора да ги следи.

Заедничкиот живот и живеењето еден до друг во Германија е прилично прецизно регулиран, па некои активности се забранети во одредено време, дури и во сопствениот дом.

Казни до 50.000 евра

Нема да верувате, но казните можат да бидат и до 50.000 евра.

Во Германија постојат посебни правила кои пропишуваат време за одмор за секого. Во тоа време, работата со која правиш бучава е крајно забранета.

Речиси секој треба да разбере дека во Германија ноќниот одмор генерално е предвиден помеѓу 22 часот и 6 часот наутро. Доколку сепак сакате да организирате забава, најдобро е добро да ги информирате соседите.

Како што одморот важи ноќе, важи и во недела и сите државни празници. Потоа следува уште едно време кое ги забранува следните дејствија во домовите, а тоа е попладневниот одмор.

Доколку не е поинаку договорено, правилата за пладневната пауза важат секој ден од 15 часот. Но, што е забрането да се прави во станот во тој период?

Белата техника треба да се стави во мирување во тие моменти.

Машините за миење садови и машините за перење не треба да се вклучуваат во овој период. И доколку поседувате модерен, релативно тивок уред, важи истото правило.

Правосмукалката во погрешно време исто така спаѓа во категоријата „нарушување на мирот“. Ова вклучува и косење трева.

Таканаречените работи на отворено не се дозволени помеѓу 20:00 и 07:00 часот. Доколку не ги почитувате овие правила, па дури и не го косите тревникот во недела, можни се казни до 50.000 евра.

Слични содржини