По 23 години во Мајнц се затвора познатиот ресторан „Цитрус“. Проблемот не е во тоа дека нема работа туку недостаток на кадар. Нема кој да работи.
Оваа информација ја објавија менаџерите на „Цитрус“ на Инстаграм.
– Мораме да ве информираме дека поради недостиг на кадар веќе не ни е можно да го одржуваме нашиот бизнис на начин да ве угостиме на 100 проценти добар начин, најавија челниците.
Ова е причината зошто тие решија да не ги отвораат вратите повторно во јули.
– Оваа одлука не ни беше лесна. Ви благодариме за вашата лојалност низ годините и за незаборавните моменти, рекоа тие.
Цитрус беше отворен во 2001 година во историска зграда на Рајнштрасе, веднаш до Рајна. Историскиот објект во кој се наоѓа „Цитрус“ е дел од фрањевскиот бастион, кој меѓу другото служел и како штала.