Семејство тврди дека бебе било тепано на Педијатрија, министерот Таравари ветува итни мерки

од Илинка Илиоска
708 прегледи

Семејство на тримесечно бебе тврди дека детето било тепано на Клиниката за педијатрија.

Министерот за здравство, Арбен Таравари изјави дека ако овој случај е вистина, медицинската сестра веднаш ќе биде отпуштена и тој лично ќе се погрижи веднаш да биде упатена до правните органи.

Тој синоќа заедно со директорот на Педијатрија се сретна со семејството на тримесечното бебе.

„Видовме модринки на раката на детето. Родителите се жалеа дека можеби не е третирано како што треба на Педијатрија. Ако има медицинска грешка, ќе треба специјална комисија на Клиниката за педијатрија да разгледа и да ја слушне и другата страна“, рече Таравари.

Mинистерот гарантира дека ќе се преземат веднаш мерки против оние кои постапиле лошо, ако постапиле лошо кон детето.

Слични содржини