Израелски напад во Кан Јунис, Хамас тврди дека десетици Палестинци се убиени или повредени

од Илинка Илиоска
28 прегледи

Десетици Палестинци се убиени или ранети денеска во израелски напад врз шаторски кампови во Кан Јунис во кој се сместени раселени жители во Појасот Газа, соопшти прес-канцеларијата на Хамас.

Израелската војска соопшти дека ја проверуваа оваа информација, а Министерството за здравство на Газа сè уште не објави официјален број на загинати.

– Израелската окупаторска армија изврши голем масакр со бомбардирање на шаторските кампови на раселените луѓе во Кано Јунис. Повеќе од 100 луѓе беа убиени и ранети во ужасниот масакр, вклучително и членови на цивилната служба за итни случаи, соопшти прес-службата на Хамас.

Радиото на израелската армија објави дека цел на нападото во Кан Јунис бил воениот командант на Хамас, Мохамед Диеф. Военото радио не прецизира дали тој бил убиен во нападот. Претставник на Хамас, пак, изјави дека сите жртви се цивили.

Слични содржини