Мечка нападна странски турист во италијанската област Трентино

од Илинка Илиоска
202 прегледи

Странски турист утрово бил нападнат од мечка во општина Дро, во областа Трентино во северна Италија. Повредениот е пренесен в болница со повреди на екстремитетите.

Надлежните истражуваат за да утврдат што точно се случило. Италијанските медиуми јавуваат дека во околината неодамна била забележана мечка – женка, со младенчиња.

Од 2014 година во Трентино се забележани неколку напади на мечки врз луѓе.

Слични содржини