Повикот да се замени претседателот Бајден како кандидат на Демократската партија на изборите во 2024 година го загуби целиот импулс и јачина и во суштина е „завршен“ по обидот за атентат врз поранешниот претседател Трамп, велат сојузниците на претседателот.
Мнозинството демократски пратеници и големи донатори го повикуваа Бајден да се откаже од трката во текот на изминатата недела и викендот. Соработниците на Бајден сега велат дека обидот за атентат на Трамп го извадил „ветерот од едрата“ на критичарите на Бајден.
„Мислам дека е готово. Ја изгубивте динамиката“, изјавил еден од сојузниците на претседателот за „NBC News“, а пренесува „Fox News“, за барањата за смена на Бајден.
„Тие имаа многу лош политички ден, а потоа го имавме овој настан. Сега тие напори се замрзнати. Навистина е тешко сега јавно да се води тој разговор. Овој настан засенува сè друго во моментов“, изјави за агенцијата еден демократски стратег.
Бајден ѝ се обрати на нацијата веднаш по обидот за атентат во саботата, осудувајќи го насилството и велејќи дека се моли за Трамп и неговото семејство.
„Информиран сум за пукањето на митингот на Доналд Трамп во Пенсилванија. Благодарен сум што слушнав дека е безбеден и здрав. Се молам за него и неговото семејство и за сите оние кои присуствуваа на митингот додека чекаме дополнителни информации. Џил и јас сме благодарни на Тајната служба што Трамп е на безбедно. Нема место за вакво насилство во Америка“, изјави Бајден.
Бајден подоцна телефонски разговараше со Трамп, но детали од нивниот разговор не беа објавени. Бајден разговараше и со гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро и градоначалникот на Батлер Боб Дендој.
Носителите на неговата кампања брзо реагирааа и ги откажаа плановите за реклами во кој се напаѓаа Трамп, засега, а на вработените им било кажано да „се воздржат од објавување какви било коментари на социјалните мрежи или во јавноста“, пренесува „NBC News“.
„Веројатно повиците за отпуштање на Бајден завршија. Тој нема доброволно да се повлече од функцијата во овој момент. Бајден покажа дека ќе се бори“, рече друг сојузник на Бајден, а пренесува „Фокс њуз“.