И граѓаните на Косово со српски пасоши ќе патуваат без визи

од Milan1
42 прегледи

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ денеска постигнаа договор за регулативата со која во безвизен режим ќе бидат опфатени и граѓаните на Косово со српски пасоши, како и на целиот Западен Балкан, а таа регулатива треба да ја донесат министрите за надворешни работи на 22 јули.

-На денешниот „КОРЕПЕР II“, амбасадорите начелно се согласија за регулатива со која се гарантира дека целиот регион на Западен Балкан е подложен на истиот визен режим. Ова ќе ги ослободи носителите на српски пасоши… за престој до 90 дена во земјите членки Советот сега ќе треба да ја усвои регулативата на следниот состанок на 22 јули, објави унгарското претседателство со Советот на ЕУ на социјалната мрежа „X“.

Србите од Косово, со пасоши на Управата за координација, останаа единствените во регионот на кои им е потребна виза за патување во ЕУ откако визната либерализација за Косово стапи на сила на 1 јануари 2024 година.

Слични содржини