Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со амбасадорот на Италија Андреа Силвестри.
На средбата, како што информира Министерството за транспорт, беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со посебен акцент на билатералните односи меѓу двете земји.
Министерот Николоски ја потврди добрата соработка со Италија и нагласи дека поддршката што ја овозможува Италија е значајна за севкупниот развој на државата.
На средбата министерот Николоски го запозна амбасадорот Силвестри со владината програма и инвестициите во инфраструктурата.
– Се отворија и прашањата за процесот на реформи кои се спроведуваат како дел од интегративниот пат на Македонија во Европската Унија. Министерот изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји, се вели во соопштението.