Пороен дожд и грмежи во Охрид, Свети Николе и Струмица

од Илинка Илиоска
48 прегледи

Невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град има вечерва во централниот дел на Пелагонија.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пред еден час нестабилно со пороен дожд и грмежи беше во подрачјето на Охрид, Свети Николе и Струмица.

– Процесите немаат одреден правец на движење. Северно од Скопје почнува да се формира нестабилна облачност, соопшти ЦУК.

Од север кон Прилеп се спушта нестабилна облачна маса со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град. Нестабилно е и во околината на Скопје, во западните и југоисточните делови од котлината, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Сеуште е нестабилно на Галичица и Преспанскиот регион каде има интензивен пороен дожд

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) посочуваат дека денеска беше многу топло и со портокалово ниво за опасност од високи температури. Најавуваат дека во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Слични содржини