32
Најголемиот број богати Швајцарци го наследиле своето богатство , а само мал дел од нив независно се збогатиле, покажува најновото истражување. Само осум отсто од 300-те најбогати Швајцарци сами си го заработиле своето богатство, покажува студијата објавена денеска од Швајцарскиот институт за економски истражувања (KOF), пренесува „Swissinfo“.
Меѓу најбогатите 90 отсто се мажи, а учеството на жените се намалува. Друго истражување вели дека има голема разлика во висината на наследствата, па така три-четвртини од наследниците добиваат не повеќе од 100.000 швајцарски франци, додека само 1,5 отсто од нив наследуваат повеќе од милион франци, пренесува Танјуг.