35
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска пристигна во тридневна посета на Пекинг, каде со својот кинески колега Ванг Ји ќе разговара за изнаоѓањето начини за воспоставување мир во Украина.
Тој посочи дека се очекуваат опсежни, детални, содржајни разговори со Ванг Ји за патот кон праведен мир, пренесува Укринформ.
„Мораме да избегнеме конкуренција меѓу мировните планови. Многу е важно Киев и Пекинг да влезат во директен дијалог и размена на ставови“, нагласи Кулеба.