Сплитскиот аеродром повторно оперативен по хакерскиот напад: Воспоставен е клучен ИТ систем

од Илинка Илиоска
34 прегледи

Помошникот директор на сплитскиот аеродром, Перо Билас, денеска соопшти дека е воспоставен клучен информациски систем, што беше урнат со хакерски напад во понеделникот вечерта и предизвика прекин на воздушниот сообраќај.

Тој нагласи дека е во функција клучниот ИТ систем за прием и испраќање на патници, како и на авиони, и дека се работи за сложен систем.

Билас додаде дека се уште е потребно да се ажурираат сите податоци и да се направат конечни корекции.

Слични содржини