Над милион германски пензионери, примаат пензија која едвај може да ги покрие животните трошоци

од Milan1
435 прегледи

Во Германија просечната пензија е за 10 отсто пониска отколку во ЕУ, а и покрај 45 години стаж, повеќе од милион луѓе добиваат пензија помала од 1.200 евра. Објави „Дојче веле“,  при што се наведува дека просечната пензија во Австрија е дури за 800 евра повисока од Германија.

Од вкупно 5,4 милиони пензионери во Германија со најмалку 45 години стаж, приближно 1,08 милиони од нив примиле пензија помала од 1.200 евра на крајот на минатата година. За германски услови, прилично ниска сума која едвај може да ги покрие животните трошоци. За споредба: просечната бруто плата во Германија беше 4323 евра во април минатата година.

Податоците за висината на пензиите се наведени во одговорот на федералната влада на прашањето на Сара Вагенкнехт, пратеник во Бундестагот.

Пониски пензии во Источна Германија

Во источните германски провинции има значително поголем број на луѓе со долг стаж и ниски пензии отколку во западните. На пример, во Бранденбург приближно 71.000 луѓе по 45 години стаж добиваат пензија помала од 1.200 евра, додека 212.000 од овие пензионери со најдолг стаж имаат повисока пензија. Во Тирингиј има 74.000 со пониска и 189.000 со повисока пензија.

Вагенкнехт праша и за  просечната пензија  по најмалку 45 години стаж. И одговорија дека  во цела Германија е во просек 1.604 евра. Но, и таму има значителни разлики: додека на запад тој просек е 1.663 евра, на исток е само 1.471 евро.

„Просечната пензија од 1.604 евра по најмалку 45 години работа, покажува колку е слаб германскиот пензиски систем“, рече Вагенкнехт во изјава за германската новинска агенција „dpa“.

Според нејзините очекувања, претстојната изборна кампања за Бундестагот ќе биде и референдум за законската пензија. „Германските граѓани не треба да трпат толку ниски пензии.

Зошто пензиите се ниски?

За ниските пензии имаат многу причини. Од една страна, многу самовработени, државни службеници или домаќинки добиваат и законска старосна пензија доколку во текот на својот живот плаќале придонеси во пензискиот фонд, најмалку пет години, објаснуваат од Федералниот институт за истражување на населението. Поради краткото траење на уплатите во фондовите, има ниски пензии.

 

Слични содржини