Во вторникот во близина на брегот на Њу Хемпшир снимен е застрашувачки момент во кој грбав кит превртува помал рибарски брод на кој имало двајца исплашени морнари.
На неверојатната снимка се гледа како животното со глава го турка задниот дел од малото пловило поради што две лица паѓаат во морето. Бродот после тоа некое време плови на водата од страна, а потоа се превртува и почнува да тоне.
На друга снимка се гледа како рибар од бродот во близина го влече превртениот брод и им помага морнарите.
Грбавиот кит, за кој се верува дека е стар околу 2 години, бил забележан околу границата на Мејн и Њу Хемпшир во текот на минатата недела.
Не е јасно што го натерало да го преврти бродот. Иако е познато дека орките напаѓаат бродови, грбавите китови обично им приоѓаат на пловилата само кога се љубопитни, а не лути или дека се чувствуваат загрозено.
Грбавите китови се сметаат за нежни џинови, иако луѓето кои одлучуваат да пливаат со нив се потенцијално во опасност да бидат удрени од силната опашка.
Грбавите китови може да бидат долги до 17 метри и тешки до 40 тони. Нивната исхрана се состои од ситни риби и други мали морски животни.
Поради ловењето на китови на почетокот на 20-тиот век биле на раб на изумирање, но популацијата бидејќи се заштитени сега е значително зголемена.