Кампања во Германија: Купете еден MG електричен автомобил, добијте два

од Vladimir Zorba
45 прегледи

Во Германија е започната ретко видена кампања. MG подарува електрични автомобили. За цена од еден, добивате два електрични автомобили MG4 Electric, кој е бестселер на германскиот пазар.

За оние кои ќе купат електричен автомобил MG4 во Германија до 31 јули 2024 година, ќе добијат втор примерок бесплатно од дилер на MG. Како клиент, тогаш добивате втор автомобил во форма на бесплатен четиригодишен договор за изнајмување, пишува Auto Bild. Единственото нешто што всушност треба да платите се 988 евра за транспортни трошоци, според „ХАК“.

Моделот MG4 е бестселер на компанијата во Германија и беше втор најпопуларен електричен автомобил во земјата во јуни по Volkswagen ID.3. Моделот MG е ​​достапен во пет различни верзии со три големини на батерии. Основниот модел во Германија чини 34.887 евра со батерија од 51 kWh.

Тешко е да се знае како MG има корист од кампањата, но бидејќи тие се во сопственост на кинеската SAIC Group, нивните автомобили ќе се соочат со најстрогите царини на ЕУ од дури 38,1 отсто, покрај 10 отсто што веќе постоеја.

Слични содржини