Уапсен поранешниот заменик – министер за одбрана на Русија, Булгаков

од Илинка Илиоска
109 прегледи

Поранешниот заменик министер за одбрана на Русија, генерал Дмитриј Булгаков, е уапсен под сомнение за корупција, изјави Светлана Петренко, претставник на Истражниот комитет.

„Главниот истражен оддел на Истражниот комитет на Русија го истражува кривичното дело за корупција, во кое е вклучен Дмитриј Булгаков, кој беше заменик-министер за одбрана од 2008 до 2022 година“.

Се нагласува дека „во моментов се спроведуваат истражни дејствија и оперативни мерки за утврдување на причините и состојбите кои придонеле за незаконското постапување“

Слични содржини