Македонија ја бележи и првата жртва од пожарите, маж почина од задушување

од Milan1
61 прегледи

Пожари на отворено во непосредна близина на три села во кумановско се регистрирани попладнево. За жал, Македонија ја бележи и првата жртва. Како што информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов попладнево починато е повозрасно машко лице во кумановското село Кокошиње.

Човекот најверојатно починал како последица од задушување. Неговата сопруга е евакуирана.

Попладнево појавени се над 15 пожари на отворено кои се шират со голема брзина и зафатија 12 села. Дел од нив се напуштени, дел од малку жители.

Во зафатените села изгорени се повеќе куќи и викендици.

Ангелов нагласува дека во моментов активни се околу 20 пожари.

Слични содржини