Академик Абази: Според принципите, не може да има две национални академии на науките и уметностите, имаме една Академија за сите

од Milan1
114 прегледи

Имаме една Академија за сите, порачува академик Алајдин Абази, кој е актуелен потпретседател на МАНУ, по најавата на коалицијата „Вреди“ за формирање „Албанска академија на науки и уметности“ во Македонија

Академик Алајдин Абази, кој е еден од двајцата актуелни потпретседатели на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во изјава за ТВ24 вели дека не може да има две национални академии на науки и уметности.

„Според принципите, не може да има две национални академии на науките и уметностите, не може општините да ја финансираат академијата како што се предлага. Имаме една Академија за сите“ вели академик Абази.

Ова е уште една од низата реакции на академици, политички партии, институции и поединци по најавата на коалицијата „Вреди“ дека ќе формираат „Албанска академија на науки и уметности“ што прво ќе биде финансирана од општински буџет, а потоа ќе работат на нејзино финансирање од државата.

Денеска реагираше и претседателството на МАНУ. Апелираше оваа институција да не се вовлекува во дневнополитички и партиски дискусии. Потенцираа дека во Македонија, како и во секоја земја, постои една национална академија.

Слични содржини