Перу им нареди на венецуелските дипломати да ја напуштат земјата

од Илинка Илиоска
25 прегледи

Владата на Перу им нареди на венецуелските дипломати да ја напуштат земјата во рок од 72 часа, откако изборната комисија на Венецуела го прогласи актуелниот претседател Николас Мадуро за победник на претседателските избори во неделата.

Министерот за надворешни работи Хавиер Гонзалес-Олаечеа, одговарајќи на новинарско прашање на Си-Ен-Ен дали Перу ќе ги прекине односите со Венецуела, рече дека тоа не е нивна желба, но дека не можат да ја исклучат можноста.

Министерството за надворешни работи на Перу го објави својот одговор за дипломатите на Венецуела во соопштение, наведувајќи ги „сериозните и произволни одлуки донесени денес од страна на венецуелскиот режим“.

Перу вчера објави дека нема да прифати кршење на народната волја на граѓаните на Венецуела и го отповика својот амбасадор од таа земја.

Слични содржини