Започна погребната церемонија на убиениот лидер на Хамас: Хамнеи нареди директен напад врз Израел

од Илинка Илиоска
33 прегледи

Погребната церемонија на Исмаил Ханија, политичкиот водач на палестинската екстремистичка група Хамас, поддржана од Иран, која САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација, започна во Техеран.

Иран соопшти дека Ханија (62) е убиен во Техеран во средата во напад за кој го обвини Израел и предизвика страв од поширок конфликт на Блискиот Исток.

Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи ја предводеше погребната молитва, додека луѓето се собраа во центарот на Техеран носејќи портрети на Ханија и палестински знамиња, јавува Радио Фарда на Радио Слободна Европа.

Предвидено е Ханије да биде погребан подоцна во главниот град на Катар, Доха.

Тројца ирански претставници објавија дека врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи, наредил директен напад врз Израел поради убиството на водачот на милитантната група Хамас, Исмаил Ханија.

Ајатолахот Хамнеи денеска во Техеран ќе ја предводи погребната церемонија на лидерот на политичкото крило на Хамас.

„Њујорк Тајмс“ пишува дека тројцата официјални претставници, вклучително и двајца членови на Револуционерната гарда, кои побараа имињата да не им се објавуваат затоа што не биле овластени да зборуваат јавно, посочиле дека иранскиот лидер ја издадал наредбата на вонредниот состанок на Врховниот совет за национална безбедност, одржан вчераутро, непосредно откако Иран соопшти дека Ханија е убиен.

Иран и Хамас го обвинија Израел за атентатот.

Политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, беше убиен вчераутро во Техеран, каде што присуствуваше на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Засега никој не ја презеде одговорноста за атентатот, но се сомнева дека зад убиството стои Израел, кој претходно вети дека ќе ги убие лидерите на Хамас поради нападот на групата на 7 октомври.

Поради убиството на Ханија иранската Влада за денови на жалост во земјата ги прогласи  среда, како и 1 и 2 август.

Ханија ќе биде погребан утре во главниот град на Катар, Доха, каде живееше во прогонство од 2019 година.

Слични содржини