Uber се префрла на кинески електрични автомобили во Европа

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Американската дигитална компанија за услуги за транспорт и испорака, Uber и кинескиот производител на автомобили, BYD објавија повеќегодишно партнерство кое треба да донесе 100 илјади нови електрични возила на патиштата во Европа, а потоа и во Латинска Америка.

Партнерството ќе им гарантира на возачите на Uber пристапни цени и финансирање за електричните возила на BYD, а по почетната европска и латиноамериканска фаза, треба да ги вклучи и Блискиот Исток, Канада, Австралија и Нов Зеланд, велат компаниите.

Попусти за одржување, полнење, финансирање, лизинг

За поддршка на транзицијата кон електрични возила, Uber и BYD ќе им понудат на возачите попусти за одржување на возилата, полнење на батериите, финансирање и лизинг, во зависност од пазарот.

„Кога возачот на Uber ќе се префрли на електрично возило, неговите перформанси за емисии може да бидат до четири пати подобри во однос на „обичен“ возач, едноставно затоа што повеќе се на пат“, рече извршниот директор на Uber, Дара Косрошахи.

Трка помеѓу BYD и Tesla

Компаниите додадоа дека ќе работат заедно за да ги вклучат возилата на BYD и нивните технологии за самоуправување во транспортната платформа на Uber.

Американскиот ривал на BYD, Tesla, треба да го претстави своето роботакси во октомври, бидејќи се обидува да направи пресврт откако продажбата на електрични возила опадна во првите два квартали од оваа година.

Минатата година кинеската компанија ја узурпираше круната на Tesla како најголем производител на електрични возила во светот, но американската компанија оттогаш го врати првото место, забележува Ројтерс.

Во јануари, Uber објави дека во соработка со Tesla, ги промовира своите електрични возила на платформата во САД, бидејќи сака да стане платформа без штетни емисии во американските и канадските градови до 2030 година.

Слични содржини