Советничката на Османи: Скандалозно-шокантно, прекршена Виенската конвенција со барањето за проверка на чантата на претседателката на Косово

од Илинка Илиоска
167 прегледи

Советничката на косовската претседателка, Доника Кадај Бујупи, вели дека била присутна на скопскиот аеродром каде според неа се случил скандал бидејќи надвор од правилата побарале од претседателката Вјоса Османи да ѝ ја проверат чантата. Таа во изјава за ТВ Клан Косово вели дека претседателката не одбила и дека ја предала чантата.

„Се обидуваат да презентираат дека претседателката Османи одбила да го стави куферот во скенерот. Како прво, претседателката Османи немаше куфери. Бев таму, бевме заедно, претседателката Османи, со целосна одговорност велам, куфери воопшто немаше. Ниту мал куфер, ниту торба“, рече Кадај Бујупи.

Таа појасни дека Османи имала само мала дамска чанта со лични работи и дека тоа што се случило е скандалозно и шокантно.

„Во моментот кога влеговме на аеродромот, на невиден начин, кршејќи ја Виенската конвенција, со нејзиниот член 27.3, од претседателката беше побарано да ја скенира чантата, нормално полицијата, полицијата на Р. Косово, која беше на ниво на функцијата ѝ објасни на претседателката дека според меѓународните практики, не само во регионот, туку и во светот, почнувајќи од САД, непризнаените земји, низ целиот свет и сите земји од ЕУ, никогаш не се бара да биде скенирана чанта, односно тоа е дипломатска чанта која според Виенската конвенција, ниту се скенира, ниту се допира со рака, кога ја поседува лицето, авторитетот, во случајов претседателката на Република Косово. Тие го побараа тоа, и покрај Виенската конвенција, претседателката ја стави чантата во скенерот беше скенирана, односно немаше отпор“, изјави Кадај-Бујупи.

Слични содржини