Во Пасјане започна протест поради апсење на петмина Срби: Бараат заштита на КФОР

од Илинка Илиоска
100 прегледи

Неколку стотици Срби од Косовско Поморавје денеска се собраа на мирен протест поради апсењето на петмина Срби кои се осомничени за воени злосторства.

Протестот започна точно во 12 часот, а насобраните носат транспаренти „Бараме КФОР да не заштити“, „Уапсени, но невини“, „Не апсат да ги протераат сите Срби!“, „ЕВРОПА, зошто си молчи за страдањата на Србите?“, „Секој ден трпиме терор, а светот МОЛЧИ“, „Лошо си ги научил учителе, па ќе те апсат!“.

Присутните носат и маици на кои пишува „Уапсете не оти сме Срби, нема предавање“, јавува Танјуг.

Во Косово уапсени пет лица осомничени за тешки воени злосторства врз цивили Албанци во 1999 година

 

Слични содржини