Гренел до американскиот амбасадор: Остро формулираните писма не функционираат со Албин Курти

од Илинка Илиоска
274 прегледи

Поранешниот специјален пратеник на Соединетите Американски Држави под претседателство на Доналд Трамп за дијалогот Косово-Србија, Ричард Гренел, реагираше на изјавата на американската амбасада во врска со затворањето на филијалите на Поштата Србија на северот на Косово.

Гренел рече дека против премиерот Албин Курти „остро формулираните писма не функционираат“ и дека според него Америка има средства да го спречи пред да ескалира ситуацијата.

Драг пријателе и колега Џеф, уште едно грубо писмо. Сепак, ти си посилен од ова. Вашите груби писма не функционираат очигледно. Разбирам дека сегашната администрација на Белата куќа го игнорира Балканот, Камала Харис и не знае каде е, но тоа е неприфатливо. Албин Курти е проблем и сите го знаат. Многу членови на администрацијата на Бајден/Харис и европски претставници се премногу слаби. Имате начин да санкционирате – направете го тоа пред да ескалира“, напиша Гренел на мрежата Х.

Во акција преземена вчера на северот од земјата беа затворени девет пунктови на Поштата на Србија.

Ваквата постапка наиде на критики од Европската Унија како и од Амбасадата на Соединетите Американски Држави.

Слични содржини