Вулин пристигна во Пребиловце и покрај забраната на властите во БиХ да пристигне со хеликоптер

од Илинка Илиоска
49 прегледи

Вицепремиерот на Србија Александар Вулин, кому властите на БиХ не му дозволија да допатува за БиХ со хеликоптер, денеска пристигна во Пребиловце кај Чапљина, каде се одбележува 83-годишнината од страдањата на Србите во Втората светска војна.

Медиумите во Бања Лука објавија дека Вулин во Пребиловце пристигнал со автомобил, без придружба, пренесе Бета.

Елмедин Конаковиќ, министерот за надворешни работи на БиХ вчера изјави дека не потпишал дозвола за влез на Вулин во Босна. и Херцеговина со хеликоптер, наведувајќи дека тој е „човек кој постојано го напаѓа суверенитетот и интегритетот на Босна и Херцеговина“.

Слични содржини