Откриен вреден ресурс на Месечината, ќе помогне во изградбата на постојани бази?

од Milan1
529 прегледи

Кога кинескиот лунарен модул „Chang’e-5“ се врати на Земјата во 2020 година, Кина стана третата земја во светот што собира и враќа примероци од површината на Месечината.

Научниците постојано работат на анализа на овие примероци, а неодамна во нив открија нешто револуционерно – молекуларна вода.

Некои можеби се прашуваат што има тука ново, бидејќи одвреме-навреме добиваме вести за некои нови извори на вода на нашиот природен сателит. Навистина, вселенските агенции открија вода на Месечината и порано, но таа главно беше заробена во минерали и карпи или замрзната на половите. На пример, минатата година кинеските научници пронајдоа вода на Месечината заробена во стаклени топки, познати како лунарни сферули.

Но, сега, за прв пат, вода во молекуларна форма (H2O) е пронајдена во физички примероци. Што е уште поважно, примероците доаѓаат од област на Месечината каде вода во таа форма не треба да постои. Имено, требало да испари, но изгледа тоа не се случило.

Имено, експертите во примероците пронашле проѕирен кристал како плоча со ширина на човечко влакно, кој го нарекле „ULM-1“ (Непознат лунарен минерал-1). Кристалите „ULM-1“ се составени од приближно 41% вода, со парчиња амониум кои ги одржуваат стабилни молекулите на H2O и покрај големите температурни промени на Месечината.

Водата на Месечината може да се најде во три форми: молекули на вода (H20), замрзната вода и молекуларното соединение хидроксил. Иако истражувањата покажуваат дека на Месечината имало вода во нејзиното далечно минато, кога вулканите еруптирале на нашиот природен сателит, ние од неодамна дознаваме за нејзионото постоење .

Долго време се мислеше дека нема вода на Месечината, особено што ја немаше во првите примероци од Месечината собрани од НАСА и Советскиот Сојуз. Неодамна се најдени молекули на мраз и вода на темните, студени лунарни полови каде сонцето не допира, пишува „CNN“.

Како што споменавме, неодамнешните истражувања покажаа дека водата или хидроксилот може да бидат заробени во стаклените зрна расфрлани околу Месечината и дека сончевите ветрови би можеле да го трансформираат хидроксилот (OH) во вода (H2O).

Но, лунарните столбови се многу незгодни поради карпестиот терен, што значи дека би било тешко да се дојде до толку вреден ресурс. Дополнително, молекуларната вода не е стабилна на другите делови на Месечината бидејќи испарува на пониски географски широчини каде температурите можат да надминат 100 степени Целзиусови.

Да, може да биде многу, многу жешко на Месечината. Температурите во близина на екваторот можат да достигнат 121°C во текот на денот, а потоа да паднат до -133°C во текот на ноќта.

Ова откритие би можело да ги објасни наодите на НАСА во 2020 година, кога телескопот „СОФИЈА“ забележал навестувања на вода на површината на Месечината, иако никој не можел да објасни како таа не испарила. Оваа форма на вода потенцијално може да биде вреден ресурс во случај на изградба на постојани бази на Месечината.

Слични содржини