Германското МНР: Германците да го напуштат Либан

од Milan1
19 прегледи

Или напуштање на Либан, или подготвеност за вонредна состојба – Министерството за надворешни работи на Геманија со предупредување до своите граѓани во време на зголемени тензии меѓу Израел од една страна и Иран и либанската група што ја поддржува Хезболах, од друга страна, јави „ДПА“.

Портпаролката на Министерството денеска изјави дека е испратено уште едно писмо до Германците во Либан во кое се бара веднаш да ја напуштат земјата додека светот ја чека реакцијата на Техеран за убиството на двајца водечки противници на Израел, вклучително и командант на Хезболах.

Германците кои остануваат во земјата „можеби ќе треба да се грижат сами за себе подолг временски период во кризна зона“, се вели во пораката.

„Амбасадата ги повика луѓето итно да складираат храна, вода, лекови и готовина за неколку недели“, рече портпаролката.

Слични содржини