88
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Ф.(20) од с.Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 29.05.2024 во с.Форино, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ.А.(54) од с.Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 05.07.2024 пред угостителски објект во Гостивар, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.