Eгипетски олимписки борач бил уапсен во Париз по обвинение за сексуален напад, потврди француското обвинителство.
Во соопштението на обвинителството во Париз се наведува дека 26-годишниот борач бил приведен во петокот наутро откако прислно допирал жена.
Засега името на борачот не се открива и само е објавено дека е роден во Египет и во Париз бил дел од Олимпијадата. Француските медиуми ја дополнија информацијата додавајќи дека во тие моменти борачот бил под дејство на алкохол.
Иако полицијата не потврдува, се шпекулира дека станува збор за Мухамед Елсајед кој на игрите во Токио освои бронзен медал.