Олимпијадата ќе го поттикне францускиот економски раст

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Олимпијадата, чиј домаќин е Париз, ќе ја поттикне економската активност во земјата, според прогнозите на француската централна банка.

По зајакнувањето за 0,3 отсто во вториот квартал, бруто домашниот производ (БДП) на Франција се очекува да се зголеми за 0,5 отсто во третиот квартал, исто така благодарение на Олимпијадата и Параолимпијадата.

Француската централна банка предвидува дека економијата ќе зајакне за 0,5 отсто од јули до крајот на септември, при што се очекува спортскиот настан да придонесе 0,25 процентни поени. Олимписките игри во Париз започнаа на крајот на јули, а Параолимписките игри завршуваат во септември, пренесе SEEbiz.

Како што јави француската новинска агенција АФП, соопштението на централната банка е слично на соопштението на францускиот статистички институт Insee. Сметаат дека Олимписките игри ќе придонесат за раст од 0,5 отсто со 0,3 процентни поени.

Во Франција, пред почетокот на спортскиот спектакл, се погласни беа стравувањата дека Олимписките игри лошо ќе се одразат на економијата, бидејќи многу туристи ја избегнуваа оваа популарна туристичка дестинација поради спортскиот настан во екот на летната сезона. Ова го потврдуваат податоците на хотелиерите и авиокомпаниите дека во овој период паднале резервациите на соби и авионски билети.

Централната банка соопшти дека се уште има многу непознати во однос на прогнозите за раст, вклучително и политичката ситуација во земјата.

Но, ефектот на Олимписките игри врз економијата во секој случај ќе биде минлив.

„Во последниот квартал речиси ќе исчезне“, изјави главниот економист на централната банка, Оливие Гарние.

Слични содржини