Бројот на германски компании кои се во банкрот достигна рекордно ниво, кое не е евидентирано во последните десет години. Во јули, бројот на банкроти се зголеми за една третина на 1.406, покажуваат податоците на Институтот за економски истражувања Hale (IWH), објави dpa.
Во 10 проценти од најголемите компании кои поднесоа барање за стечај, тоа ќе влијае на нешто помалку од 10.000 работни места.
Вакво силно зголемување се однесува на сите стопански гранки, но особено е изразено во индустријата – по 100 индустриски компании во јуни, во јули 145 фирми поднеле стечај.
„Очекуваме бројот на банкроти малку да се намали во август, а потоа повторно да се зголеми во септември“, рече Штефен Милер, шеф на истражувањето за стечај во IWH.
Тоа значи дека бројот на стечајци ќе продолжи да биде постојано над нивото пред пандемијата.
Институтот го спроведе истражувањето врз основа на објавените судски стечајни постапки, кои потоа ги спореди со анализата на финансиските извештаи на тие компании.