49
Неколку илјади граѓани вечерва со факели и овации ги пречекаа српските спортисти кои се вратија од Олимписките игри во Париз на балконот на Стариот дворец во Белград.
Српските олимпијци освоија пет медали на Игрите во Париз што завршија вчера – злато во ватерполо, тенис и стрелаштво, сребро во таеквондо и бронза во кошарка.
Сите овие денеска се качија на познатата тераса во Белград и ги поздравија насобраните навивачи, според српските медиуми имало околу 70.000.
Главни ѕвезди беа Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ, но и ватерполистот Душан Мандиќ кој беше прогласен и за МВП на турнирот.