Во понеделникот вечерта биле застрелани четворица мажи кои седеле во близина на познато собиралиште за дилери на дрога во предградието Ескирола Гренобл, а тројцата ранети се префрлени во Ургентниот центар на болницата CHU во Гренобл, јавија денеска француските медиуми.
Според Ерик Вејант, обвинителот во Гренобл, цел на пукањето биле и четворица возрасни мажи, кои седеле на преклопни столчиња на место каде што се продавала дрога во областа Ла Лоара, пренесе Фигаро.
„Дваесет и шестгодишен маж е застрелан во главата, уште еден 20-годишен маж е застрелан во телото, третиот, 19-годишен маж, е тешко ранет во ногата, додека последниот, 21-годишен маж, исто така е полесно повреден во ногата“, прецизираше обвинителот Вејант и додаде дека само еден од четворицата нападнати и бил познат на полицијата од претходно за трговија со дрога.
Првите три жртви се префрлени на одделот за интензивна нега на болницата CHU во Гренобл во критична состојба.
Сите жртви биле погодени со проектили од 9 милиметри испукани од пиштол, а според првичните тврдења на очевидци биле испукани вкупно десет истрели.
Напаѓачите пукале од автомобил „рено сеник“ во движење, кој бил пронајден изгорен веднаш по пукањето во областа Вилнев во Гренобл.
Обвинителот побара истрагата да ја преземе полициското одделение за организиран и специјализиран криминал.