Ховениер: Отворањето на мостот во Митровица може да ги загрози американските војници

од Milan1
37 прегледи

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер изјави дека постои реална опасност поврзана со отворањето на мостот во Митровица во овој момент, што може да влијае на безбедноста на војниците на НАТО, вклучително и на американските.

Во денешното интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), Ховениер изрази надеж дека косовската влада ќе ја земе предвид загриженоста на сојузниците и нема да преземе еднострани дејствија.

„Веруваме дека овој ризик ја зголемува заканата, можноста за насилство и други проблеми, како за локалната заедница, така и за војниците на НАТО, вклучително и американските војници кои работат на обезбедување мир и безбедност на Косово. Ние ја сфаќаме многу сериозно секоја акција што може да влијае на безбедноста и заштитата на американските војници кои работат на поддршка на Косово. Нашата надеж е дека Владата ќе го слушне ова и ќе ги земе предвид овие грижи“, рече Ховниер.

Слични содржини