ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска место метропола, Скопје го претвори во депонија

од Илинка Илиоска
28 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ возврати на обвинувањата на Град Скопје дека советниците под контрола на лидерот на партијата Христијан Мицкоски намерно ја блокираат работата на Јавното претпријатие Комунална хигиена.

Во најновата реакција од владеачката партија ја критикуваат градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за нејзиното управување со градот, обвинувајќи ја дека зема плата и провизии додека Владата ги покрива ратите за автобуси што таа не е способна да ги исплати.

„Кадрите на Драги Митковски го водат градот, освен кога Арсовска не му е лута, и му ги разрешува, а него му гори возилото, согласно омилениот метод на Арсовска за пироманство, а СДС и гласа буџет во совет, истиот тој со кој раководат кадри на Левица во неколку скопски институции.

Покрај лажното високо мислење за себе, соочувањето со реалноста се виде на последните избори кога поддршката на градоначалничката Арсовска беше на ниво на статистичка грешка кога и домашните не ја гласаа.

Скопје е нечисто не поради некаква неизгласана програма туку поради некадарноста, криминогеноста и подлоста на Данела Арсовска која добива поддршка од СДС, Дуи и Левица.

Додека Данела Арсовска менува директори секојдневно, а веруваме дека имињата ниту самата не ги памети, треба да се знае дека Градот Скопје го претвори во депонија затоа што фокусот не и е чистотата туку провизиите.

Сите одговорности и надлежности се во рацете на Арсовска. Наместо да бара кривици нека се зафати со работа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини