Вулин со Лавров: Горд сум што Србија не е дел од антируската хистерија и што не воведе санкции за Москва

од Milan1
138 прегледи

Српскиот вицепремиер Александар Вулин денеска во Москва изјави дека е горд што Србија не е дел од антируската хистерија и што не воведе санкции кон Русија.

На средбата со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, беше оценето дека билатералната соработка меѓу Србија и Русија е многу добра и дека се развива на сите нивоа, пред се благодарение на пријателските и срдечни односи меѓу претседателот Александар Вучиќ и Владимир Путин, соопшти Владата на Србија.

Тие посочија дека двете земји се заинтересирани за натамошно унапредување на српско-руското стратешко партнерство.

– Вулин и се заблагодари на Русија за нејзиниот принципиелен став за територијалниот интегритет и суверенитет на Србија и за нејзината несебична поддршка во борбата на српскиот народ против резолуцијата за Сребреница, се вели во соопштението.

Министерот Лавров ја изразил својата поддршка за цврстата и доследна политика на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вулин и шефот на руската дипломатија разговарале за моделите и механизмите за воспоставување соработка на Србија со организацијата БРИКС.

Слични содржини