Смртоносната болест стигна во Европа, ова се симптомите

од Milan1
59 прегледи

Шведската агенција за јавно здравје го регистрираше првиот случај на мајмунски сипаници надвор од африканскиот континент.

Лицето се заразило за време на неговиот престој во Африка каде во моментов има голема епидемија на оваа болест.

Веста доаѓа само неколку часа откако Светската здравствена организација (СЗО) прогласи вонредна состојба во некои делови од Африка.

Најмалку 450 луѓе починаа за време на првичното избувнување во Демократска Република Конго.

Светската здравствена организација (СЗО) вчера по втор пат во две години прогласи глобална вонредна состојба на јавното здравје поради ширењето на вирусот „Мпокс“, порано познат како мајмунски сипаници.

Симптомите првично се слични на грип, а може да се појават и кожни лезии. Оваа болест може да доведе и до смрт, а сегашните статистики покажуваат дека секој четврти човек од 100 заболени умира.

Слични содржини