Откако поранешниот припадник на ОВК, Бљерим Рамадани, избега од домашен притвор во Македонија, неговиот пријател, претседателот на ветераните на ОВК од Урошевац, Љуан Јахири, тврди дека е на Косово и дека неговата постапка е оправдана со оглед на тоа дека можел да биде екстрадиран во Србија.
„Со Блерим денеска не разговаравме долго, го пофалив за одлуката што ја донесе зашто тешко ќе беше да се врати во затворски притвор, а уште потешко да биде екстрадиран во Србија. Кога ќе се видиме, ќе му ја искажеме нашата поддршка. Ќе му препорачаме да пријави во нашите институции, за да се расчисти целото ова прашање“, рече Јахири, a пренесува „Косово Онлајн“.
Тој објаснува дека Рамадани планирал да го чека судењето, но дека одлуката за бегство ја донел откако сфатил дека ќе биде вратен во затвор и екстрадиран во Србија.
„Тој беше на став дека треба да остане до крај, да го заврши судењето. Одлуката за бегство е донесена откако беше објавено дека ќе биде вратен во притвор и дека може да биде екстрадиран. Донесе добра одлука и јас така би направил. Многи негови пријатели го советуваа да си замине од Северна Македонија, иако беше во домашен притвор“, истакна Јахири.
Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија потврди дека Рамадани избегал од домашен притвор и најавија дека по него ќе биде распишана потерница.
Рамадани беше во притвор во куќата на роднина во Скопје, откако беше уапсен на 17 јули на преминот „Јажинце“ меѓу Македонија и Косово, баран со меѓународната потерница распишана од Србија преку Интерпол. По апсењето е пренесен во затворот во Скопје, а по барање на Обвинителството за организиран криминал му е изречена екстрадиционен притвор во траење од 30 дена.
Надлежниот македонски суд на 1 август му го преиначи затворскиот притвор на Рамадани во куќен притвор, според тоа решение е испратен на адреса во Скопје, и според тоа решение се очекуваше да остане во домашен притвор до 16 август.
Србија го бара Рамадани по потерница поради сомнение за воени злосторства извршени на Косово пред 25 години.