Вчера имало неколку напади врз малолетници. Нападите се случиле во скопските општини Аеродром, Карпош и Гази Баба
– Вчера било пријавено во 12.00 часот во Полициската станица Карпош, од страна на В.А.(45) од Скопје дека на 14.08.2024 околу 21.50 во станбена зграда на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од С.М. од Скопје.
Другата пријава е во Полициската станица во Аеродром каде, М.Д.(51) од Скопје пријавила дека околу 00.10 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници.
Во 17.30 часот во СВР Скопје, Х.Д.(30) од Скопје пријавил дека во градинка на подрачјето на Гази Баба, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.
И во 18.00 часот во СВР Скопје, И.М.(38) од Скопје пријавила дека на 14.08.2024 околу 23.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од И.Н, информираат од МВР.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување, по што ќе следуваат соодветени поднесоци.