13
Генералното обвинителство на Русија ги прогласи за непожелни активностите на фондацијата на холивудскиот актер Џорџ Клуни во Руската Федерација.
„Кај нас беше прогласена за непожелна активност на странската невладина организација „Клуни Фондација за правда“. Невладината организација е основана во Њујорк од актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга, која себеси се смета за правник во областа на меѓународното право“, се наведува во соопштението, а пренесува ТАСС.
Се додава дека фондацијата „работи со цел да ја дискредитира Русија“.