43
Во неделата, вчера, околу 14:50 часот била пријавена кражба во кабинетот на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Од полицијата информираат дека, според пријавата, во просторијата било влезено со употреба на сила.
-Одземени биле три лап топ компјутери и еден фотоапарат, истакнуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.