Приштински портал: Курти за три години потрошил 30 милиони евра на бензин за службени автомобили

од Milan1
38 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти за три години потрошил 30 милиони евра на нафтени деривати за „службени возила“, објави денеска приштинскиот портал „Фронт онлајн“.

Порталот, повикувајќи се на податоците на Министерството за финансии на Косово, потсетува дека Курти додека беше во опозиција бил против високите трошоци за службените автомобили.

Се наведува дека во 2021 година, биле потрошени 7,62 милиони евра за гориво за автомобили, во 2022 година овие расходи достигнале 11,34 милиони евра, додека во 2023 година изнесувале 10,5 милиони евра.

Слични содржини